Лазаров: Червар е мој учител! Ќе ми биде потешко против него!

97

Враќањето на Лино Червар во Македонија е главна тема деновиве. Поранешниот македонски селектор и предводник на Металург, почнува нова мисија, овој пат во таборот на Пелистер.

Неговиот кам-бек го поздрави Кирил Лазаров, кој пак учеше токму од Червар.

„Доаѓањето на Лино Червар е добро за македонскиот ракомет. Одличен избор. Таму ќе се работи квалитетно. Червар е мој учител, сè уште сме во комуникација, му честитав. Ако сега има квалитет, мислам дека со неговото доаѓање дополнително ќе го подигнеме нивото во спортот, а со тоа и во ракометот. „Како што тој е одличен, така ние покрај него ќе мораме да бидеме уште подобри. Мене ќе ми биде потешко против него. Тој е поискусен, подобар, освојувал многу. Ние учевме од него и сега ќе треба да се бориме спортски и се надеваме дека еден ден ученикот ќе биде подобар од учителот“, изјави Кире Лазаров за ТВ Телма.

ПретходноСензационален трансфер на Левандовски за 90 милиони евра по сезона
СледноЛазаров го одреди составот за мечот со Словачка