Македонија и Словачка немаат историја на меѓусебни пресметки. Денеска (19 часот) во Прешов го играат првиот натпреваар, прв и во баражот за пласман на Светското првенство 2027 година.
Ракометарите имаат лекција зад себе – Фарски Острови, видоа дека мора да се биде на ниво за да се дојде до посакуваниот резултат. И тој како сите во тимот смета дека Словачка не е ривал за потценување.
„Мораме да бидеме внимателни по она што ни се случи пред две години во Фарските Острови. Играме два меча, вториот на домашен терен, што е добро, но не би сакале да ни се случи повторно да бркаме негатива пред нашите навивачи. Мораме да влеземе стопроцентно, Словачка не е ривал за потценување, го видовме тоа со нивните победи над Украина. Тие резултати навистина беа изненадување за многумина, ги гледавме натпреварите, можам да кажам дека играат специфична одбрана, но се е добро анализирано и подготвени сме. Во спортот не победува секогаш подобриот, не победува секогаш фаворитот, затоа мораме максимално сериозно да си ја сфатиме работата за да стигнеме до победата што сите ја посакуваме“, истакнува Марко Митев.
Македонската репрезентација веднаш после мечот се враќа во Скопје и ќе се подготвува за реваншот, кој е закажан за 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“.










