Игор Ангеловски – Мрме, денеска ја имаше својата прва прес -конференција како селектор на А- репрезентацијата на Таџикистан. Тој одговоараше на прашања на новинарите а притоа ги промовираше и своите први соработници.
Тоа се Милан Илиевски и Иван Јовановски – Карас, познати имиња во мак – фудбалот и долгогодишни соработници на Ангеловски од времето кога беше селектор на Македонија.
Тој кажа дека со нив работи долго време, дека станува збор лица во кои тој има голема доверба.
Илиевски ќе му биде негов прв асистент, а Јовановски ќе биде задолжен за физичката подготовка.










