Македонската ракометна репрезентација денеска го игра првиот бараж меч против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година. Натпреварот се игра во Прешов со почеток во 19 часот.
Во составот на „црвено-жолтите“ се врати и Валентин Карасманакис, кој поради повреда беше надвор од терените, не настапи ниту на последното Европско првенство.
Тој потенцира дека ја почитуваат Словачка, иако е аутсајдер. Мора да одиграат на високо ниво за да дојдат до посакуваната победа.
„Се чувствувам добро, спремен сум, а повредата е минато и можам да играм со полн интензитет. Среќен сум што сум одново со репрезентацијата. Нѐ очекуваат два тешки натпревари. Имаме почит кон репрезентацијата на Словачка, тоа е добар тим, комбинација од искусни и од млади ракометари. Ние мораме да бидеме многу внимателни и максимално фокусирани цел натпревар, ако играме на вистинското ниво ќе ја оствариме нашата цел. Се спремивме за нив, па иако противникот не ни многу познат, како што реков, ако ние одиграме како што треба, тогаш ќе можеме да ја оствариме посакуваната цел и да се пласираме на Светското првенство“, изјави Валентин Карасманакис.
Реваншот се игра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.










