Столе и Валенсија само до бод со Рајо!

43
https://www.facebook.com/valenciacf.en/

Македонскиот голман Столе Димитриевски, со својата Валенсија, сепак не успеа да слави победа на домашен терен против некогашниот клуб Рајо Ваљекано. На крај резултаот беше 1:1, а Димитриевски одново имаше забележителна партија на голот на Валенсија.

Ова беше меч од 36.коло во Ла Лига, а со овој бод тимот од “Местаља“ сега има 43 бода и уште го нема официјално обезбедено опстанокот во елитната лига на Шпанија.

Гостите поведоа со голот на Лејеун во 20.минута, за да домашните израмнија на 1:1 со голот на Лопез во 40.минута.

ПретходноСрбија на Раул ја победи Унгарија, Словенија славеше на гости кај Црна Гора!
СледноДешамп објави страшен список, но без Камавинга, Екитике, Јоро… (ВИДЕО)