Полувреме во Прешов: Македонија има предност од +5!

77

Словачка – Македонија 13:18 по првото полувреме од првиот меч од баражот за пласман на СП 2027, кој се игра вечерва во Прешов. Добра, квалитетна Македонија во првиот дел, иако треба да се каже дека промашивме најмалку три зицери, а и гаѓавме стативи. Сепак о зваршницата од првиот дел четата на селекторот Кирил Лазаров одигра навистина квалитетно и успеа да си “набилда“ разлика од +5 што секако дека е одличен резултат посебно ако се знае дека реваншот го играме во Скопје, во недела.

Капитенот Кузмановски беше стрелец на седум гола, Лазаревски постигна пет а Костески три.

Секако дека очекуваме дека и во второто полувреме нашите ракометари да одиграат уште подобро и во најголема мера, во Прешов да го решат севкупниот победник на овој бараж двомеч.

ПретходноРастодер стрелец на два гола, а неговиот Тун поразен со 3:8!