Македонскиот голман Столе Димитриевски, со својата Валенсија, сепак не успеа да слави победа на домашен терен против некогашниот клуб Рајо Ваљекано. На крај резултаот беше 1:1, а Димитриевски одново имаше забележителна партија на голот на Валенсија.
Ова беше меч од 36.коло во Ла Лига, а со овој бод тимот од “Местаља“ сега има 43 бода и уште го нема официјално обезбедено опстанокот во елитната лига на Шпанија.
Гостите поведоа со голот на Лејеун во 20.минута, за да домашните израмнија на 1:1 со голот на Лопез во 40.минута.










