Ракометниот клуб Е. Пелистер ќе биде само посилен и за следната сезона. Клубот денес доби голема поддршка со потписот на спонзорски договор со голема корпорација. Нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се трите компании „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.
Претседателот на клубот Зоран Стерјeв кажа дека во изминатиот период многу интензивно работеа на продолжување на ракометната платформа заедно со општината, на привлекување дополнителни спонзори кои што ќе го зајакнат капацитетот на клубот.
„Ќе помогнат во наредниот период клубот да остане на нивото на кое што е и овие изминати години, активно да се бориме за највисоките дострели, во националното првенство за освојување на шампионатот на нашата држава и се разбира националниот куп, а на меѓународен план колку е можно да стигнеме подалеку во некои од европските натпреварувања“, рече Стерјeв.
Претседателот искажа голема благодарност до сопственикот на групацијата Цветан Панделевски и неговиот тим за како што рече, разбирањето кое што го имаат кон клубот, желбата да се помогне и идејата заедно да се направи повеќе.










