Се чини дека Брегалница следната сезона ќе ја гледаме во елитата. Имено денеска, во меч од претпоследното 29.коло во ВМФЛ, штипските “сини“ славеа убедлива победа на гости кај Осогово со 0:3. Стрелец на сите три гола беше Костадин Капсаров, во 19.минута, потоа од пенал во 42.минута и во 55.минута.
Па така со овие три бода Брегалница има 68, исто колку и Скопје, но штипјани имаа подобар меѓусебен скор. Во последното коло кое се игра следниот викенд, Брергалница игра дома со очајната Победа и повеќе од јасно е дека прашање е само со колкава гол – разлика ќе слави.
Затоа велиме дека Брегалница е на милиметри од враќање во елитата.
Скопје со убедливи 1:7 славеше кај Г.Коњари и сега има големи шанси да игра бараж за пласман во елитата. Шкендија Арачиново како домаќин го победи Новаци со 5:1.
Охрид како гостин го победи Детонит со 0:2.
РЕЗУЛТАТИ – 29.КОЛО
Беласица – Саса
Детонит – Охрид 0:2
Г.Коњари – Скопје 1:7
Кожув – Тетекс 1:4
Осогово – Брегалница 0:3
Победа – Вардар (Н) 3:5
Шкендија (А) – Новаци 5:1
Слога (В) – Преспа 3:2
ТАБЕЛА
Брегалница 68, Скопје 68, Шкендија (А) 66, Охрид 65.










