Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на денешната трка со спринт од Мото ГП, што се одржува во рамките на Големата награда на Каталонија.
Маркез победи во Барселона и освои нови 12 поени за 20:02.250 минути.
Второто место, кое носи девет поени, го освои Педро Акоста од тимот на КТМ, со заостанување од 0,041 секунди, додека третото место, со заостанување од 0,457 секунди, го освои Фабио ди Џанантонио од Перматина, кој со тој пласман освои седум поени.
Исто така, бодови освоија и четвртопласираниот Раул Фернандез од Трекхаус (шест бода), петтопласираниот Жоан Зарко од Кастрол Хонда ЛЦР (пет бода), шестопласираниот Франческо Бањаја од Дукати (четири бода), седмиот Франко Морбидели од Перматина (три бода), осмиот Аи Огура од Трекхаус (два бода) и деветтопласираниот Марко Бечеки од Априлија (еден бод).
Актуелниот светски шампион Марк Маркез од Дукати не учествуваше на денешната спринт трка, ниту пак ќе учествува на Големата награда на Каталонците поради повреда.










