РК Алкалоид во финалето на завршниот Ф4-турнир за пионери кој се одржа во „Автокоманда“ беше подобар од ГРК Охрид со 28:20 и официјално стана пионерски шампион на Македонија. Најдобар стрелец во финалето беше Иван Великов со осум гола, а Петар Митев додаде шест гола.
Најдобар голман на настанот беше Мартин Пандиловски, а МВП беше Петар Митев, двајцата од РК Алкалоид.
Во „ол-стар“ тимот се најдоа Мартин Пандиловски (голман), Иван Великов (десен бек) и Владимир Николовски (пивот), а исто така тука беа и Христијан Ангеловски (лево крило), Горјан Петрушевски (лев бек) и Емануел Вумвулакис (десно крило) од РК Мулти Есенс.










