Екипата на Пелистер ќе игра во бараж дополнителниот дуел за опстанок во ПМФЛ конкуренцијата откако денеска во рамките од 32. коло од ПМФЛ шампионатот, битолчани на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци доиграа 2:2.
Домаќинот на овој меч имаше двојно водство на полувреме откако Ацковски го отвори резултатот во 29. минута.
Сила реализираше од пенал кој што го направи Ристески во 38. минута, за да во второто поувреме видиме сосема нов Пелистер на терен.
Со помош на капитенот Мирко Ивановски, Пелистер стигна најпрво до 2:1 во 73. минута за да потоа три минути подоцна и до 2:2.

Следуваше ситуација во која Србијанац нафрли, Ивановски минимално ја зафати топката со глава и таа заврши во мрежата на Тивкеш, но судијата Качевски го поништо голот поради офсајд.
Конечно, Ивановски изби сам во идеална ситуација пред Стевковски, реши да ја поткопа топката, но голманот на домашните реагираше добро.
Со ова битолчани дефинитивно заминуваат во бараж дуел, на коло пред крајот на ПМФЛ шампионатот. Во него се среќаваат со Башкими на свој терен.















