ВМФЛ: Брегалница убедлива среде Кочани, сега милиметри ја делат од враќање во елитата!

145

Се чини дека Брегалница следната сезона ќе ја гледаме во елитата. Имено денеска, во меч од претпоследното 29.коло во ВМФЛ, штипските “сини“ славеа убедлива победа на гости кај Осогово со 0:3. Стрелец на сите три гола беше Костадин Капсаров, во 19.минута, потоа од пенал во 42.минута и во 55.минута.

Па така со овие три бода Брегалница има 68, исто колку и Скопје, но штипјани имаа подобар меѓусебен скор. Во последното коло кое се игра следниот викенд, Брергалница игра дома со очајната Победа и повеќе од јасно е дека прашање е само со колкава гол – разлика ќе слави.

Затоа велиме дека Брегалница е на милиметри од враќање во елитата.

Скопје со убедливи 1:7 славеше кај Г.Коњари и сега има големи шанси да игра бараж за пласман во елитата. Шкендија Арачиново како домаќин го победи Новаци со 5:1.

Охрид како гостин го победи Детонит со 0:2.

РЕЗУЛТАТИ – 29.КОЛО

Беласица – Саса

Детонит – Охрид 0:2

Г.Коњари – Скопје 1:7

Кожув – Тетекс 1:4

Осогово – Брегалница 0:3

Победа – Вардар (Н) 3:5

Шкендија (А) – Новаци 5:1

Слога (В) – Преспа 3:2

ТАБЕЛА

Брегалница 68, Скопје 68, Шкендија (А) 66, Охрид 65.

ПретходноРаботнички броеше до седум против Шкупи
СледноСемењо му го донесе осмиот ФА Куп трофеј на Манчестер Сити