ЖРК Ѓорче Петров ја одбрани титулата!

10
ФОТО:.facebook.com/profile.php?id=100057236061561

Продолжува доминацијата на ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција во ракометна Македонија. Денеска „Лавиците“ во меч од Суперлигата, славеа против Астибо со 46:24 и со тоа ставија печат на новата титула, веќе нема дилеми.

Со оваа победа ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров имаат 47 бода, што е за седум повеќе од конкурнтот Чаир и натпревар помалку на три кола до крајот.

Ова е петта титула во низа за овој клуб или вкупно 22 во историјата на поранешниот европски првак.

ПретходноМусовски остана без заб!(ВИДЕО)
СледноДали е ова е најсмешниот автогол во историјата на фудбалот?!(ВИДЕО)