Продолжува доминацијата на ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција во ракометна Македонија. Денеска „Лавиците“ во меч од Суперлигата, славеа против Астибо со 46:24 и со тоа ставија печат на новата титула, веќе нема дилеми.
Со оваа победа ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров имаат 47 бода, што е за седум повеќе од конкурнтот Чаир и натпревар помалку на три кола до крајот.
Ова е петта титула во низа за овој клуб или вкупно 22 во историјата на поранешниот европски првак.










