„Внук на дедо“ – Георг погоди за Ѓоко и донесе победа за Спартак Варна

198

Спартак Варна со голема, огромна победа на гости кај Монтана, со што овој клуб на чија што клупа е нашиот стратег Ѓоко Хаџиевски останува во трката за опстанок во елитата на Бугарија.

Одлични 0:2 за гостите и гол за Георг Стојановски, внукот од ќерка на Ѓоко Хаџиевски кој во 25 минута од средбата го постигна првиот гол за „сините“ од Варна. Ова беше петти гол за младиот шпиц кој во својата дебитантска сезона во шампионатот на Бугарија успева да остави добар впечаток иако на многу средби не настапи поради повреда.

ПретходноПеп Гвардиола го напушта Сити до крајот на сезоната
СледноРуни: Да бев на местото на Слот нема да му дозволам на Салах да се приближи до стадионот