Македонија го одреди тимот за Европското првенство во атлетика за мали земји

101

Македонија за првпат има сериозен атлетски тим за Европското првенство за мали земји која оваа година ќе се одржи во Монако на 30 мај. Изминатиот викенд (16-17 мај) на Националниот сениорски куп во Скопје, нашите репрезентативци имаа прилика да остварат норми за да се квалификуваат за настап во Монако.

Ова е значајно за Македонија поради тоа што голем дел од нашите атлетичари кои се со остварени норми, исто така се и кандидати за освојување на злато, како и резултати вредни за подиумот во Монако.

Еве ги нашите репрезентативци со остварените норми во нивните дисциплини:

Огнен Стефановски – 110m со пречки 14.89s и скок во далечина 7,04m

Михаил Петров – 400m 48.65s

Јован Стојоски – 400m со пречки – 52.55s и 200m – 21.66s

Андреас Трајковски – Скок во далечина – 7.43m (7.82m во сала) и 100m – 10.88s

Брајан Авиа – Скок во далечина 7.00m

+ Македонската репрезентација во овој состав може да настапи во Шведската штафета 4х100-200-300-400м и да биде фаворит за златото во Монако.

ПретходноРомано: Реал и Мурињо се договорија за двегодишна соработка
СледноЌе има ли двоен шпалир: Крунисувањето на Вардар в сабота на Арена од 18 часот!