Севкупен победник на Купот на Македoнија е АК Куманово

27

Изминатиот викенд на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, успешно се одржа Купот на Македонија за сениори и сениорки каде во текот на два натпреварувачки дена беа остварени голем број квалитетни резултати и возбудливи настапи во сите атлетски дисциплини.

Купот на Македонија претставува едно од најзначајните тимски натпреварувања во македонската атлетика каде клубовите се натпреваруваат за освојување бодови во севкупниот пласман. Секоја дисциплина има претходно утврдена резултатска норма а бодови се доделуваат само доколку атлетичарот ја исполни нормата во самото натпреварување. Бодувани се првите осум места во секоја дисциплина.

Во женска конкуренција првото место го освои АК Олимп со 367 бодови пред АК Куманово со 364 бодови и АК Работнички со 281 бод.

Во машка конкуренција најуспешен беше АК Куманово со 666 бодови пред АК 7ми Мај со 476 бодови и АК Делта со 441 бодови.

Во севкупниот пласман победник на Купот на Македонија за Сениори-ки 2026 е АК Куманово со вкупно 1030 бодови. Второто место му припадна на АК Олимп со 831 бодови додека трет заврши АК 7ми Мај со 630 бодови.

Наградите на најуспешните клубови и атлетичари ги додели деканот на Факултетот За Физичко Образование Спорт И Здравје проф. д-р Владко Неделковски кој беше специјален гостин на Купот на Македонија 2026.

Атлетската Федерација на Македонија упатува честитки до сите атлетичари тренери и клубови за успешниот настап и придонесот во развојот на македонската атлетика.

ПретходноЖиру пред трансфер во клуб кој до пред некој ден играше во третата турска лига?!
СледноИталијанецот Малдера е нов селектор на Украина!