Спартак Варна со голема, огромна победа на гости кај Монтана, со што овој клуб на чија што клупа е нашиот стратег Ѓоко Хаџиевски останува во трката за опстанок во елитата на Бугарија.
Одлични 0:2 за гостите и гол за Георг Стојановски, внукот од ќерка на Ѓоко Хаџиевски кој во 25 минута од средбата го постигна првиот гол за „сините“ од Варна. Ова беше петти гол за младиот шпиц кој во својата дебитантска сезона во шампионатот на Бугарија успева да остави добар впечаток иако на многу средби не настапи поради повреда.
На едно коло до крајот на сезоната Спартак Варна игра дома со Локомотив од Софија која веќе има осигурано опстанок во елитата. Хаџиевски и неговиот вник, Стојановски во последните 90 минути од шампионатот треба да остварат својата мисија, а тоа е опстанок на екипата во најсилната лига на нашиот источен сосед,










