Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа уште на стартот од квалификациите за настап на Ролан Гарос е поразена. Македонската тенисерка со 0:2 во сетови е поразена од Сузан Ламенс, тенисерка од Холандија, која и пред мечот важеше за фаворит ако се знае дека е на 129. место на ВТА листата, а Лина на 191.место.
Инаку на почетокот од мечот Ѓорческа одигра квалитетно, но на 2:2 во гемови и на нејзин сервис дојде до прекин на мечот од околу дваесетина минути. Можеби тоа влијаеше на настапот на македонската тенисерка.
Кога мечот продолж, првиот сет Ламенс го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет холандската тенисерка беше подобра и го доби со 6:3, па така со 2:0 во сетови се пласира во следното коло.
Инаку мечот без таа пауза траеше нешто повеќе од еден час.










