Македонија за првпат има сериозен атлетски тим за Европското првенство за мали земји која оваа година ќе се одржи во Монако на 30 мај. Изминатиот викенд (16-17 мај) на Националниот сениорски куп во Скопје, нашите репрезентативци имаа прилика да остварат норми за да се квалификуваат за настап во Монако.
Ова е значајно за Македонија поради тоа што голем дел од нашите атлетичари кои се со остварени норми, исто така се и кандидати за освојување на злато, како и резултати вредни за подиумот во Монако.
Еве ги нашите репрезентативци со остварените норми во нивните дисциплини:
Огнен Стефановски – 110m со пречки 14.89s и скок во далечина 7,04m
Михаил Петров – 400m 48.65s
Јован Стојоски – 400m со пречки – 52.55s и 200m – 21.66s
Андреас Трајковски – Скок во далечина – 7.43m (7.82m во сала) и 100m – 10.88s
Брајан Авиа – Скок во далечина 7.00m
+ Македонската репрезентација во овој состав може да настапи во Шведската штафета 4х100-200-300-400м и да биде фаворит за златото во Монако.










