Центарот за едукација ja комплетираше обуката и практичното полагање на 32. генерација тренери со УЕФА Б лиценца

28
фото: ffm.mk

Центарот за едукација на тренери на ФФМ го комплетираше вториот Модул од УЕФА Б курсот (32 генерација). Модул каде се полагаше практичен испит  согласно УЕФА конвенцијата за 25/26 и на кој 25 кандидати покажаа исклучително високо тренерски знаење и способности (се работи за тренери кои ќе тренираат деца од 13 до 17 години) со примена на  современи идеи, теми и принципи за подготовка и одржување на фудбалски тренинг.

УЕФА Б лиценцата за фудбалски тренери претставува посебна база за селектирање на тренери во иднина,  согласно покажаните квалитети и способности на овие кандидати ќе се врши селекција за следното тренерско ниво УЕФА А лиценца. Во позитивна работна атмосфера на отворањето на вториот  Модул кандидатите ги презентираа работните задачи кои им беа дадени од страна на менторите (членови на Центарот за едукација).

Сите 25 кандидати успешно го комплетираа практичното полагање, но преостанува уште теоретскиот испит кој е закажан на крајот од месец мај. Центарот за едукација им изрази  благодарност на сите 25 кандидати, кои се учествуваа на овој семинар .Тие  максимално професионално си ги завршија своите работни обврски што ги добија од своите ментори.

На кандидатите им беа дадени задачи и теми истиот ден кога полагаа, имаа неколку часа за подготовка на тренинг и задоволни сме од целокупниот успех и квалитетот на цела оваа група кандидати за УЕФА Б лиценца.

Можеме да се каже дека ова е една од најквалитетните групи со кои се работело во последниве години. Во групата беа Адис Јаховиќ, Егзон Белица, Бесар Демири, Ермедин Адем, Александар Вареловски, Кире Маркоски, Симеон Христов и други кои сеуште се активни фудбалери, но и сериозно размислуваат за пренасочување и во тренерскиот занает.

Во групата имаше  активни фудбалерки кои исто така дадоа свој голем придонес во успешноста на овој семинар. Сестрите Наташа и Сијче Андонова, Сара Коларовска, Христина Јошевска, Симона Јанкуловска и Јована Ѓорѓиоска Блажеска беа дел од овој семинар.

Центарот за Едукација на тренери и во иднина ќе се залага во делот на предавањата на теорија но и на практичниот дел – полагање на терен да се имплементира се она што го налага УЕФА преку конвенцијата за тренери по која што се работи.

Центарот за Едукација изразува благодарност и до инструкторите и едукаторите кои ги подготвуваа овие кандидати за полагање практичен испит (Борче Христов, Вујица Живковиќ, Жикица Тасевски, Менсур Јакупи, Гордан Здравков, Бобан Бабунски, Крсте Ѓоргиевски, Јовица Блажески ).

Кандидатите со нивната мотивираност, посветеност и желба за докажување во текот на целиот семинар покажаа силни тренерски амбиции со надеж дека ќе продолжат со нивната едукација и во иднина (истакнаа од Центарот за Едукација на тренери).

ФФМ на сите учесници на овој  семинар за УЕФА Б лиценца им упатува честитки за нивната посветеност,  и заложбите за континуиран развој и унапредување на тренерската професија во Македонија.

Воедно ФФМ и понатаму ќе продолжи со силното залагање и подржување на Центарот за Едукација на тренери за уште поголемо усовршување на тренерскиот кадар.

ПретходноЧервар: “За мене Кирил Лазаров е најголемиот ракометар на сите времиња!“
СледноНов удар за Шпанија: Фермин Лопез мора на операција и ќе го пропушти Мундијалот!