Циркуз во Србија: Тим од Ниш дома победил со 19:0, головите се урнебесни!(ВИДЕО)

71

Невиден циркуз за сите пари во фудбалска Србија. Натпреварот од 26-то коло од Српската лига Исток помеѓу Синѓелиќ од Ниш и Рудар од Алексинац беше обележан со скандалозен настап на гостите, кои беа поразени со резултат од 19:0.
Синѓелиќ ја забележа најубедливата победа во историјата на клубот досега и забележа важна победа во борбата за првото место, во кое сега има четири бода повеќе од Трстеник. Сепак, снимките што доаѓаа од Ниш ги запрепастија спортските фанови во Србија. Според извештаите, тимот на Рудар играше на овој натпревар со девет млади и неискусни фудбалери, но начинот на кој домаќините ги постигнуваа головите е навистина трагикомичен. Особено ако се земе предвид дека ова е трето ниво на српскиот фудбал.
Головите, кои ретко се гледаат дури и на рекреативни натпревари, ја оставија спортската јавност во неверица, а кога сè ќе се земе предвид, гостите можеби и добри минале.
Катастрофалното издание на Рудар, кој е последнопласираната екипа во лигата со девет освоени бода, беше комплетирано со промашен пенал во 78-та минута. Така, тимот од Алексинац остана на само 12 постигнати гола во 26 натпревари, со неверојатни 153 примени.

Видеото од споменатиот натпревар предизвика многу реакции на социјалните мрежи, претежно негативни, а како изгледаше сето тоа можете да видите во приложеното видео.

ПретходноТурам со “специјална“ порака за Милан: “Ставете си ги дерби победите во зад**икот“!
СледноРеал Мадрид не му ја исполни во целост желбата на Рудигер