Артета: Мораме да почекаме што ќе се случи…

105
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Микел Артета зборуваше по тесната победа на Арсенал од 1-0 над Барнли, што би можела да го направи неговиот тим шампион денес доколку Манчестер Сити киксне. Дури и ако „граѓаните“ успеат, лондончани имаат сè во свои раце и успехот во последното коло ќе им ја донесе првата титула во Премиер-лигата по пауза од 22 години.

„Многу сум задоволен од играта и резултатот. Во првото полувреме мислам дека имавме еден од нашите најдобри настапи оваа сезона. Резултатот требаше да биде поубедлив, но не го добивме. Покажавме дека кога треба да се браниме и да го завршиме натпреварот, можеме да го направиме тоа ефикасно. Немавме среќа да постигнеме втор или трет гол. Се соочивме со силен противник. Погледнете ја нивната решителност денес, тие се обидуваат да извлечат нешто од играта. Оваа лига е многу тешка.

Ја завршивме нашата работа, дадовме се од себе. Мора да почекаме и да видиме што ќе се случи утре, а потоа ќе биде време да се подготвиме за натпреварот против Палас. Барнли играше така минатата недела против Астон Вила, па знаевме дека ќе биде така. Моравме да ги одржиме високите стандарди што ги имавме цела сезона и мораше да победиме уште еден натпревар“, рече Артета.

ПретходноСинер откри дали е на нивото на Ѓоковиќ, Надал и Федерер
СледноПред 24 години Кометал Ѓорче Петров ја „фрли“ Македонија во „транс“ (ВИДЕО)