Готово е, Арсенал ја доби битката за Манчестер Сити за титулата и веќе ја слави својата 14-та титула. Доволно беше ремито на Сити кај Борнмут вечерва, па веднаш по завршувањето на мечот на “Виталити“, кој заврши со 1:1, во Северен Лондон почна славјето на фановите на култниот клуб.
На оваа вечер се чекаше цели 22 години. Секако дека вечерва во Северен Лондон ќе гори, а дека славјето ќе потрае до раните утрински часови.
Инаку веднаш откако се дозна резултатот на “Виталити“, медија – тимот на Арсенал постираше шампионски статус на своите социјални мрежи.










