РК Вардар нема да присуствува на прославата на ФК Вардар

339

Ништо од заедничката прослава на ФК Вардар и РК Вардар по повод освоените титули во државните првенства. Иако фудбалската секција на „црвено – црните“ најави голема прослава во Градскиот парк во Скопје, на 23 мај по завршувањето на мечот од последното ПМФЛ коло против тимот на Шкендија, сепак, предмалку од ракомениот клуб учевството го откажаа.

Со објава на социјалните мрежи РК Вардар во врска со истата се изјаснија дека нема да присуствуваат од проста причина што шампионската забава на ракометарите е закажана од поодамна за 23 мај во 20:30 часот и поканите се веќе исрпатени, а присутните обавестени.

Па така, останува ФК Вардар сам да ја прослави титулата на популарната „Школка“ ќе повториме ба 23 мај в сабота.

ПретходноЅвездата на Челзи нема да оди на Светско поради Нејмар: Погледнете ја реакцијата на семејството
СледноВо Охрид блескаше иднината на македонската кошарка