Здружението на фудбалски новинари на Англија, го проглади плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, португалецот Бруно Фернандеш за играч на годината во Премиер лигата.
Фернандеш одигра сезона од соништата што се вели, и на моменти буквално сам го носеше Јунајтед низ мечевите подолг период.
Благодарение на сето тоа, Јунајтед по години мачење, конечно е во врвот на табелата односно заврши како трет, и е дел од Лигата на Шампионите следната сезона.
Португалецот, исто така, го израмни рекордот за најмногу асистенции во една сезона во Премиер лигата. Тој има 20 и ќе го подобри својот број ако комплетира додавање во натпреварот против Брајтон во неделата, а додаде на ова и осум погодоци.










