Шок за актуелниот шампион тимот на Вардар во рамките од најновото 14. коло од ПМФЛ шампионатот.
На полувреме на Арената Тодор Проески во Скопје губи од тимот на Тиквеш со 0:2, со головите на Ренатињо и Лусианињо.
Дуел во кој кавадарчани ама апсолутно доминираат, знаат што сакаат, и прават на терен и токму и затоа имаат големо и заслужено водство.
А Вардар, шампионот, загубен, дезиорентиран и без права визија што да прави на терен создаде само еден до два удара кон голот на Тиквеш.
Бабунски го истестира Стевковски, а Закариќ шутираше со глава но топката замина во корнер.















