Ова е списокот на засилувања на Мурињо за “неговиот“ Реал: Родри, Бастони, Гвардиол…

454
Фото: Бенфика Х

Денови се во прашање, можеби и часови кога Реал Мадрид ќе го промовира Жозе Мурињо за нов тренер. “Специјалниот“ треба да воведе ред во хаосот што владее во тимот, а тој веќе има јасен список на играчи што сака да ги доведе. Некои се многу добро познати, а некои штотуку се пробиваат.
По сезоната во Бенфика што ја заврши без пораз, но сепак без титула, “Специјалниот“ е подготвен да се врати на најголемата сцена и да се впушти во проект каде што сака сè да биде во свои раце.

Тој јасно му кажал на Флорентино Перез дека сака да доведе играчи, а не да му ги донесе. По две сезони без никакви трофеи, Реал нема многу опции и мора да се согласи на сите услови на Жозе Мурињо бидејќи има малкумина за кои веруваат дека можат да го изгаснат огнот.

Првата цел е Родри, “Златната топка“ на Манчестер Сити“ е огромна желба. Во Мадрид не се задоволни од Камавинго и Чуамени, кои требаше да бидат замени за Модриќ и Крос, додека Феде Валверде почна да предизвикува разни проблеми. Откако се врати од повреда, Родри сè уште не е како порано, но Мурињо верува дека вреди да се доведе.

Алаба и Ридигер се мачат со повреди, како и Едер Милитао, а Дин Хујсен не се покажа како што се очекуваше. Затоа Мурињо го сака пред сè лидерот на Интер, Алесандро Бастони. Иако Италијанецот играше речиси исклучиво во формација со тројца играчи во одбраната, Мурињо верува дека тој може да биде столб на одбраната. Друга опција е Хрватот Јошко Гвардиол, кого Манчестер Сити е подготвен да го продаде, а кој може да ги покрива и позициите во одбраната. Претходно се пишуваше дека Реал Мадрид е заинтересиран за Амар Дедиќ. Десниот бек на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, по Салцбург, Лиферинг, Волфсбергер и Олимпик Марсеј, блесна во Бенфика под водство на Мурињо, а сега би можел да му се придружи во Реал.

Се напоменува дека на “Бернабеу“ се враќаат Ендрик и Нико Паз, па така нема потреба од напаѓачи.

ПретходноУЕФА направи промени во Лига Нации и во квалификациите за ЕП!
СледноХаланд со ветување: Ќе направиме сѐ што можеме за да ја освоиме Премиерлигата следната сезона!