Пиреш е првото засилување за шампионот летово

412
фото: ffm.mk

Португалскиот интернационалец од редовите на Силекс, Мигуел Пиреш, ќе биде првото засилување за актуелниот шампион, тимот на Вардар.

Спортспорт дознава дека искусниот 29. годишен напаѓач се договорил за преселба во таборот на „црвено – црните“ со што станува дел од тимот кој што ќе се обиде да влезе во групната фаза на некое од европските натпреварувања летово.

Пиреш сезонава има одличен скор од единаесет постигнати голови, со што очигледно и го заработи трансферот во најдобриот македонски фудбалски колектив.

Вардар со ова ја започнува реконструкцијата на тимот, поточно почнува да се засилува за она што летово следува. Дали е пак португалецот замената за Стефан Цветковиќ или и двајцата ќе бидат дел од Вардар и следната сезона, останува да видиме.

 

 

ПретходноВардар со нов двегодишен договор за Горан Закариќ
СледноЛига Европа финале: Фрајбург VS Астон Вила за спектакл во Истанбул!