Битка на два фронта со различна цел

29

Денеска во кошаркарскиот шампионат се играат два меча, но со различна цел. Актуелниот првак, МЗТ Скопје на домашен терен го пречекува Маџари во втората финална пресметка. Тимот од Аеродром води со 1-0 и има шанса да се најде на победа до пехарот. На другата страна најпријатното изенадување сезонава, дебитантот Маџари покажа дека може да направи проблеми, па се очекува да одигра уште еден добар меч.

Втората средба е за третото место, а таму Пелистер е на добар пат да стигне до истото. Го пречекува на домашен терен ТФТ и има водство од 1-0. Серијата се игра во две победи.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ

ВТОР НАТПРЕВАР

20.МАЈ (СРЕДА)

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Маџари (1-0)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/wje9JAIdavU?si=HNmYdtK2C3s_4RCJ

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ЗА ТРЕТО МЕСТО

ВТОР НАТПРЕВАР

20.МАЈ (СРЕДА)

17.00: Пелистер – ТФТ (1-0)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ПретходноПелистер оди по “одмазда“ во Охрид
СледноВардар со нов двегодишен договор за Горан Закариќ