Куп финале 2026: Силекс и Шкендија во битка за пехарот!

84
ФОТО:FFM.MK

Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33.финале во Купот на Македонија. Се среќаваат Силекс и Шкендија, интересно, и на двете екипи ова ќе им биде шесто финале во нивната историја. Кратовци се нешто поуспешни со три триофеи, додека Шкендија има само два.

Тетовци се можеби во мала предност ако се знае дека овој меч не им зависи настапот во Европа, додека кратовци ако сакаат да играат во квалификациите во Лигата на Конференции, ќе мора да слават вечерва, во спротивно тимот на Струга ТЛ ќе игра во Европа.

Сепак Шкендија не е без притисок. Како еден од најголемите клубови и со еден од најголемите буџети, заедно со Вардар, сезоната без трофеј и дефинитивно ќе биде неуспешна. Ако се знае дека ја загубија битката со скопските “црвено – црни“ во ПМФЛ, тогаш вечерва играат за спас на сезоната.

Вчера на пресот и двајцата стратези, Александар Васоски и Јетон Беќири говореа во суперлативи за противникот, така и треба, сепак и двајцата истакнаа дека веруваат во своите екипи и во победа.

Кратовци немаат некои поголеми проблеми со составот, додека тетовци ќе бидат значително ослабени со неиграњето на Бесарт Ибраими поради повреда, и на Роналдо Вебстер поради суспензија. Одамна во тимот не е репрезентативецот Решат Рамадани, поради повреда.

Сепак Шкендија има доволно голем и силен ростер за да бидат адекватно заменети ови тројца.

Се очекува квалитетно финале, се очекува фудбал за уживање за наши услови, две навивачки групи, па кој биде подобар и нека победи.

Познато е дека ако по истекот на 90.минути нема победник ќе има продолженија, ако и тогаш нема победник ќе се изведуваат пенали.

Па, нека биде спектакл.

ПретходноСедлоски утре го објавува списокот за мечевите со Босна и Турција
СледноПеп Гвардиола испрати порака до Арсенал!