ТФТ славеше во Битола и израмни во серијата на 1:1!

39

Кошаркарите на ТФТ вечерва во Битола, во вториот меч од серијата за 3.место во плеј – офот во нашата кошаркарска лига, успеаја да го победат Пелистер со 112:116 и со тоа да израмнат на 1:1 во оваа серија, и тоа по продолженија. Па така ќе има “мајсторка“ за тоа кој на крајот ќе заврши како трет оваа сезона.

Интересно беше во салата “Боро Чурлевски“, посебно во финишот на средбата како и во продолжението.

Во првиот период водеше израмнета битка а домашните го добија со 30:29. Во втората четвртина гостите беа подобри за +2 поени.

Треба да се каже дека во последниот период ТФТ дури на средната од четвтртината ги запишаа првите поени. Пелистер имаше убава шанса да победи, но сепак Ташовски со поени во последните секунди израмни на 98:98 и го однесе мечот во продолжение.

Во тие моменти гостите од Скопје подобро се снајдоа и на крајот славеа победа со 112:116.

Џенкинс со 37 поени беше најефикасен кај Пелистер, но и на мечот, додека Гордон запиша 30 поени кај гостите.

ПретходноФФМ распредели 9,5 милиони евра, средства од УЕФА, за клубовите
СледноКуп финале 2026: Познати се стартните состави на Силекс и Шкендија!(ФОТО)