Седлоски го објави списокот за дуелите против Босна и Турција

164

Македонската фудбалска репрезентација во следниот период, како своевиден јунски репрезентативен прозорец, ќе има на програмата два контролни меча со сериозни и квалитетни противници.

Под водство на новиот селектор, Гоце Седлоски, кому ова му е втор повик по оној премиерниот за бараж дуелот против Данска,  Македонија најпрво ќе замине во Сараево каде што на 29 мај ќе го одигра дуелот со репрезентацијата на Босна.

Потоа, се заминува за Истанбул каде што на 1 јуни Македонија ќе спарингува со силната Турција.

За овој повик селекторот Седлоски се одлучи за малку поинаков состав од оној кој што беше повикан за бараж мечот против Данска, а потоа и дуелот со Ирска.

Новитет е некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Дин Аломеровиќ кој што бележи добри настапи во романскиот тим на Ута Арад.

Повратник е и Стефан Деспотовски од ОФК Београд кој што беше дел од А репрезентацијата во изминатиот квалификациски циклус, кога селектор беше Благоја Милевски.

Што се однесува пак до дебитантите од домашниот шампионат, тоа се Георгије Јанкулов и Азер Омерагиќ од Вардар, како и Дарко Анѓелески Дарко Додев од Силекс.

Поради повреди ќе ги нема Љупче Дориев, Лука Станковски, а поради клупски обврски нема да пристигнат, Андреј Стојчевски, Тихомир Костадинов.

ПретходноТалески и Татабања ги чека „пекол“: Салата „Билјанини извори” – распродадена за 15 минути
СледноСелекторот Седлоски се извини во името на ФК Вардар за скандалот со прославата на титулата