Аломеровиќ: Долго го чекав овој момент, А репрезентацијата е сон на секој играч

136

Македонската фудбалска репрезентација пред себе има два предизвици во овој репрезентативен прозорец.

На менито се два пријателски мечеви против Босна во Сараево на 29 мај односно на ! јуни против Турција во Истанбул.

Селекторот Гоце Седлоски, за овој дуел се реши на левата бековска позиција да се засили со Дин Аломеровиќ. Искусниот дефанзивец со офанзивни карактеристики, кој што во моментов со успех настапува за романскиот тим Ута Арад.

Некогаш големиот талент кој што ги мина најпрво школата на Македонија ЃП односно Вардар за да потоа, долго време настапува во Шпанија, и да одработи сезона во Работнички, сега конечно дочека и А репрезентативен повик.

Момчето кое има дваесетина настапи за младинските селекции на Македонија по неколку години повторно е дел од еден национален тим

„Нормално дека сум пресреќен, како и не би бил. Ова е остварување на сонот на секој играч. Нема таков што не сака да ги брани националните бои. Свесен бев дека со интернационален трансфер и добри игри ќе си ги зголемам шансите за вакво нешто, и ете дочекав и повик. Благодарност до селекторот, со ФФМ до сите оние кои што веруваат во мене. Овој повик ќе го искористам мамсимално, и ќе ја оправдам довербата“ – вели Дин Аломеровиќ за Спортспорт.

 

ПретходноСедлоски: Следам многу играчи, Тодороски го чека пасошот, имаме потенцијални репрезентативци во Турција
СледноЛука Грчевски го потпиша првиот стипендиски договор со Црвена Звезда