Ф4 Евролига: Европа го чека новиот кошаркарски владетел!

41
фото: EuroLeague (X)

Денеска во Атина стартува завршницата на најсилното европско клупско натпреварување, Евролигата. Финалниот турнир на четирите најдобри, треба да го даде новиот европски кошаркарски владетел.

Во грчаката престолнина сè е подготвено за почетокот на големата кошаркарска треска. Култната „ОАКА Арена“од денеска до недела ќе биде поприште на најголемиот спортски настан во Европа за оваа пролет.

Првиот полуфинален дуел (17 ч.) носи епски судир со мирис на барут. На мегдан излегуваат лутите ривали Олимпијакос и актуелниот европски првак Фенербахче. Грчкиот колос зад себе ќе ја има фанатичната армија навивачи која ќе направи вистински пекол во салата, а Грците веќе најавија бескомпромисна одбрана до последната секунда. Од другата страна, турскиот гигант Фенербахче не помислува да го предаде престолот. Нивното главно оружје е шампионското искуство.

Од 20 часот следува и вториот полуфинален меч кој носи шпански дуел. Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, на хартија ја има улогата на фаворит на пресметката со Валенсија. Со состав преполн со прекалени кошаркарски волци кои одиграле стотици вакви натпревари под силен притисок, Реал е подготвен за уште еден јуриш на титулата.

Од спротивната страна стои Валенсија – најпријатното изненадување и апсолутен дебитант на овој турнир. „Портокаловите“ во Атина допатуваа без никаков императив и товар на грбот, а токму таа растеретеност ги прави смртоносно опасни.

Вчерашната заедничка прес-конференција на четирите предводници покажа огромен меѓусебен респект, но и нервоза која тешко се криеше.

ЕВРОЛИГА – Ф4 (АТИНА)

ПОЛУФИНАЛЕ:

17.00 Олимпијакос – Фенербахче

20.00 Валенсија – Реал (М)

ПретходноТухел го откачи и Трент, последниот патник за Мундијалот ќе биде Џед Спенс
СледноБизнис заедницата трча: Business Run на 4 јуни