Прилеп победнички против Пролет

13

Ракометарите на Прилеп ја продолжуваат победничката серија. Вечерва на свој терен во меч од 9.коло во плеј – аутот, тие славеа против Пролет со 29:27. Ова беше нивна десетта победа во низа откако беа поразени уште во февруари од Пелистер.

Пролет одиграа добар меч, во поголем дел од средбата и тоа како му зададе проблеми на домашниот состав. На седум минути до крајот, гостите имаа и предност од 24:25, но сепак не успеаја да дојдат до победа.

Шипинкоски со седум и Димитриоски со шест голови беа најефикасни кај домашните, додека кај гостите Стојановски запиша седум погодоци.

ПретходноРеал Мадрид ја потврди разделбата со Алаба! (ФОТО)
СледноЦ.Звезда ја прославува титулата пред мал број фанови! (ВИДЕО)