Рутинска победа на РК Вардар против Тиквеш

68

Во меч од претпоследното коло во плеј – офот во нашата ракометна лига, Вардар успеа со 36:26 (20:12) да слава против составот на Тиквеш. Ова беше 29-та победа на новиот шампион, кој немаше никакви проблеми да дојде до овој триумф и покрај тоа што стратегот Иван Чупиќ во голема мерка комбинираше со составот.

Уште по првите минути беше јасно како ќе се движи резултатот на оваа средба и кој ќе победи.

И во второто полувреме тимот на Чупиќ доминираше, шанса добија и некои помлади ракометари.

Кога сме кај стрелците кај победничкиот состав најефикасни беа Атанасовски со шест голови, потоа Стојановски, Лазаревски и Марчињак погодија по четири пати. Кај гостите Мики Лазов запиша седум погодоци.

Во последното коло, новиот шампион ќе ги одмери силите со Бутел.

Претходно„Бомба“: Словенецот Малик Татар доаѓа во РК Пелистер?!
СледноРеал Мадрид ја потврди разделбата со Алаба! (ФОТО)