Полека се ближи крајот на сезоната во плеј-офот. Денеска се игра уште еден натпревар од претпоследното коло, а Алкалоид ќе го пречека Бутел Скопје во последниот меч на домашен терен.
Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци сезоната ќе ја завршат на четвртото место на табелата, пред оваа средба имаат 42 бода, осум помалку од Пелистер и Охрид, кои имаат натпревар повеќе. Бутел Скопје е петти во плеј-офот, има 24 бода исто колку и ГРК Тиквеш, кој има меч повеќе.
Алкалоид доминира во пресметките со Бутел Скопје, па се очекува да триумфира на оваа средба. Во последното коло Лазаров и неговите момци се гости во Битола, додека пак Горан Кузманоски во својот последен меч како тренер на Бутел Скопје ќе го пречека Вардар на домашен терен.
Мечот меѓу Алкалоид и Бутел Скопје е закажан со почеток во 18 часот.










