Седлоски: Ја заслуживме титулата, заминувам и му посакувам на Вардар двојна круна следната сезона!

137

Задоволството од победата на последниот натпревар со Шкендија, но пред се од освоената шампионска титула не го криеше и предводникот на овој состав на Вардар.

„Играчите се најзаслужни за ова што се случи. Една година и пол сме тука, освоивме и Куп и првенство, но малку ми е жал што не успеавме да ја освоиме двојната круна. Но, ако се вратиме назад и погледнеме каде беше Вардар кога дојдов тука и овој успех што се направи мислам дека го заслужија, играчите, управата и сите навивачи кои беа со нас цело време. Мислам дека сосема заслужено ја освоивме титулата. Од денеска заминувам од Вардар, тешко ми е што заминувам, но им посакувам многу среќа, секако и на новиот тренер да се престави добро во Европа и догодина да оди на двојна круна“, изјави по мечот досегашниот предводник на Вардар, Гоце Седлоски.

ПретходноВардар шампион: „Црвено-црните“ го кренаа шампионскиот пехар (ФОТО+ВИДЕО)
СледноНиколов: Тешка сезона, слатка титула!