Барса го потoпи Лион и ја освои женската ЛШ

42

Фудбалерките на Барселона ја совладаа екипата на Олимпик Лион со 4:0 во финалето од ЛШ за жени. Со оваа победа женскиот тим на Барса стигна до четвртата титула во ЛШ во последните шест сезони.

Првото полувреме беше неизвесно и заврши без голови, но во вториот дел ревијалниот домаќин „стави во поголема брзина“ и постигна 4 погодоци. Полската репрезентативка Ева Пајор ги постигна првите два гола, а вторите два беа дело на Салма Паралуељо.

Ова финале беше реприза од финалето пред две години, кога каталонскиот тим го освои трофејот со победа од 2:0 во финалето.

ПретходноБаерн со победа над Штутгарт го освои купот и стави крај на успешната сезона
СледноАмериканци му понудиле на Де Лаурентис 2 милијарди евра за да го купат Наполи