Селекцијата на Хрватска на последните две СП беше меѓу првите три, Во Русија 2018 беше сребрена, а на последното во Катар 2022 заврши како трета.
Секако дека и на овој Мундијал “коцкестите“ имаат и тоа како амбиции. Во групната фаза, избраниците на Златко Далиќ се во групата Л каде што се и Англија, Гана и Панама. Секако дека Хрватите не би требало да имаат проблем да ја минат групата, сепак капитенот Лука Модриќ со последните изјави како да ја смирува еуфоријата.
Тој го најави своето учество на Светското првенство во 2026 година, негово петто во кариерата.
„Хрватска мора да ги брани своите бои како и секогаш, да даде се од себе и да ги направи навивачите горди. Во тешка група сме, но првата цел е да се пласираме во нокаут фазата. Конкурентни сме, иако не знам колку далеку можеме да стигнеме. Бевме втори и трети, свесен сум дека луѓето имаат големи очекувања и можам само да кажам дека ќе го дадеме својот максимум.“ посочи легендарниот Лука.










