Полувреме во Гостивар: Арсими и Струга ТЛ играат без голови!

30

Арсими – Струга ТЛ 0:0 по првите 45.минути од првиот меч од последното 33.коло во сезоната во ПМФЛ. Во меч кој резултатски е сосема неважен, се игра за престиж. Нема голови, а нема ни некој посбен ритам овој меч, барем во првиот дел.

Гостите се заканија преку Малески во 8.минута и 39.минута, се обиде и Зенделовски да донесе водство. Кај домашните Велија а потоа и Гафури можеа да донесат водство. Но прво гостинскиот голман спаси, а потоа тоа беше удар над голот.

Во 43.минута Сикиру беше во убава позиција, но и сега немаше гол за домашните. Па така на пауза се замина со тие почетни и непопуларни 0:0.

Да се надеваме дека во второто полувреме ќе видиме некој гол.

ПретходноМодриќ: Хрватска и на ова СП мора своите фанови да ги направи горди!
СледноНема да ви го бараме идентитетот, ама Ѓоко е еден од нас!