По којзнае кој пат Столе Димитриевски покажа дека е еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Во меч од 13.коло Македонецот фантастичен, со “чиста“ мрежа и со победа на гости против својот некогашен клуб Рајо Ваљекано со 0:1.
Ова беше петта “чиста мрежа“ на македонскиот репрезентативен голман. Победничкиот гол за Валенсија беше дело на Копете во 41.минута.
Што се однесува до статистиката, Рајо упати пет директно удар кон гон голот на Димитриевски, но сите беа одбрането од Македонецот.










