Херера со прекрасен гол и победа во “македонското дерби“ во БиХ

303
ФОТО:.facebook.com/fkboracofficial

Железничар – Борац Бања Лука 0:4 во “македонското дерби“ денеска на “Грбавица“ во Сараево. Прекрасен гол на нашиот репрезентативец Себастијан Херера во 72.минута од слободен удар за 0:2 за гостите од Бања Лука. Треба да се каже дека голманот Дамјан Шишковски не доби минутажа кај гостите, додека Матеј Цветаноски кај домашните играше во второто полувреме и според тамошните медиуми донел живост во таборот на Железничар ама бадијала.

Инаку Цветаноски во последно време добива се поголема шанса по враќањето од тешката повреда, скршеница на ногата.

ПретходноДебакл на Челзи против Лидс
СледноСтоле одличен против својот некогашен клуб, Валенсија со победа