Тиквеш просто го прегази Вардар, пред се резултатски со 0:3 во дербито на 14.коло во ПМФЛ. Се разбира и играчки го прегази актуелниот шампион. Секако дека има причини за радост и задоволство во кавадаречкиот табор, но тренерот Оливер Богатинов, како и секогаш, така и сега не е еуфоричен.
По мечот за “СпортСпорт“ истакна:
“Честитки за целата екипа на Тиквеш за денешната претстава и победа против Вардар. Ќе се израдуваме кусо на овој успех, а потоа брзо ќе се насочиме и фокусираме на следниот натпревар. Како дете со гордост го носев дресот на Вардар, па затоа на клубот и на екипата им посакувам се најдобро во продолжението на првенството, се разбира до следната средба на теренот. Уште еднаш им честитам на моите играчи, за карактерот, дисциплината и енергијата што ја покажаа денес. Секако честитки и за сите во стручниот штаб“ истакна стратегот на Тиквеш.















