Ројевиќ пред финалето: Можеби Татабања е фаворит, но ќе направиме сè за да ја освоиме титулата

111

ГРК Охрид утре ја почнува битката за пехарот во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата сезона го освои Алкалиод. На патот на македонскиот тим до врвот стои Татабања, првиот меч се игра на теренот на унгарскиот тим.

Борис Ројевиќ, тренерот на ГРК Охрид во интервју за ЕХФ истакна дека заслужено се во финалето.

„Заслужуваме да бидеме во финалето бидејќи бевме подобри од нашите противници. Бевме многу опуштени во првите рунди против РК Баки, МРК Слога Добој и РК Дукла Прага. Во четвртфиналето против Олимпијакос, покажавме одлична игра во Грција, но имавме тежок натпревар дома. Во полуфиналето против Целје, беше многу, многу тешко за нас. Сепак, се боревме и го заслуживме нашето место во големото финале против МОЛ Татабања“. 

Тој потенцира дека нивната одбрана е најдобра во овој ранг на натпреварување кога станува збор за тимови од регионот.

„Нашата одбрана е најдобра во регионот. Кристијан Пилиповиќ е најдобриот голман во лигата. Дополнително, имаме одлични дефанзивци како што се Реј Моралес, Анте Иванковиќ, Николас Лијапис и Давид Савревски. На почетокот на сезоната, вложивме многу време во нашата одбрана“. 

Тренерот на македонскиот тим му ја препушти улогата на фаворит на Татабања, но најави дека ќе борат до последно.

„Можеби Татабања се фаворити, бидејќи имаат повеќе искуство во европските натпреварувања. Имаат врвни играчи во својот состав и ние го почитуваме тоа. Сепак, го играме реваншот во Охрид. Знаеме колку добро може да игра нашата одбрана, што ни ја зголемува самодовербата. Очекуваме да победиме и нема да влеземе со бело знаме, но ќе направиме сè за да ја освоиме титулата“. 

ПретходноСе чека потврда за Гаштаров и Трајков, дополнителен повик за Михолов
СледноПелистер го совлада ТФТ во „мајсторката“ и официјално сезонава е трет