Вардар му се заблагодари на Седлоски: Ова секогаш ќе биде твој дом!

104
фото: FC Vardar AD (FB)

ФК Вардар му се заблагодари на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски, кој го заврши престојот во редовите на шампионит и заминува да ја води “А” репрезентацијата на Македонија. Од ФК Вардар порачаа дека за Седло вратите во клубот секогаш остануваат отворени.

„Под негово водство, ФК Вардар ја заврши сезоната на најдобар можен начин — со освоена шампионска титула во Прва македонска фудбалска лига, како круна на напорната работа, дисциплината и тимскиот дух што ги изгради во тимот. Седлоски внесе стабилност, победнички менталитет и силен карактер во екипата, оставајќи значаен белег во развојот на играчите и резултатите на клубот. ФК Вардар му се заблагодарува за посветеноста, професионализмот и сите заеднички моменти, и му посакува многу успех во новата улога на чело на македонската А репрезентација. Среќно, тренеру — Вардар секогаш ќе ти биде дом“, напишаа од ФК Вардар.

ПретходноПЛ: Бруно е асистент-рекордер, Халанд најдобар стрелец
СледноТалески: Знам какви се навивачите во Македонија, секој спортист ужива во таква атмосфера