Со последни сили и минимална победа од 1:0, Тотенхем успеа да ја спаси честа и да обезбеди опстанок во Премиер лигата. Во последниот сезонски меч, лондончани на двојот стадион со 1:0 славеа над Евертон и успеаја да дојдат до посакуваните бодови кои им го обезбедија местото во елитата и следната сезона. Голот за голема радост беше дело на Палиња во финишот на првиот дел.
Иако славеа со 3:0 против Лидс, момците на Нуно Еспирито Санто од екипата на Вест Хем, сепак, следната сезона ќе мора да се преселат во Чемпионшип.
Новиот англиски фудбалски шампион Арсенал победнички ја затвори сезоната, откако денеска на гостувањето кај градскиот ривал Кристал Палас славеше со 1:2 и со 26 победи цврсто остана на челното место на табелата. Габриел Жезус и Мадуеке погодија за финалистот во Лигата на шампионите, додека голот за домашните го постигна Матета.
Досегашниот бранител на титулата Манчестер Сити дозволи да го испрати својот долгогодишен предводник Пеп Гвардиола со пораз на домашен терен од екипата на Астон Вила. Момците на Емери славеа со 1:2 на гостувањето на „Етихад“ и не дозволија победничко заминување на лсавниот Шпанец.
Ливерпул на домашен терен едвај одигра 1:1 со Брентфорд во мечот во кој последните минути на „Енфилд“ ги одиграа Салах и Робертсон. Манчестер Ј., пак, триумфално ја заврши сезоната со убедлива победа од 0:3 на гости кај Брајтон. Херој на „ѓаволите“ беше Бруно Фернандеш кој ја запиша и 21. асистенција за нов рекорд во лигата.
Брајтон – Манчестер Јунајтед 0-3
Барнли – Вулверхемптон 1-1
Кристал Палас – Арсенал 1-2
Фулам – Њукасл 2-0
Ливерпул – Брентфорд 1-1
Манчестер Сити – Астон Вила 1-2
Нотингем Форест – Борнмут 1-1
Сандерленд – Челси 2-1
Тотенхем – Евертон 1-0
Вест Хем – Лидс 3-0










