Кими одново најдобар за “четири од четири“, Хамилтон го победи Верстапен!

95
ФОТО/x.com/F1

Кими Антонели е победник на вечерашната трка во Ф1 за ГН на Канада на патеката “Вилнев“ во Монтреал. Ова беше негова четврта победа во низа, па сега и дефинитивно чудото од Италија со својот Мерцедес најавува битка за титулата. Неговиот совозач и најголем конкурент, Џорџ Расел не ја заврши трката.

Вчера изгледаше дека Џорџ Расел е подготвен да возврати и да се приближи до својот совозач на врвот на генералниот пласман. Но, на крајот, насмевката ќе биде на лицето на Андреа Кими Антонели, кој целосно го доби големиот дуел во Монтреал и го зголеми водството во генералниот пласман.

По прилично хаотичен старт во кој дури и во еден момент Ландо Норис го презеде водството во трката, работите набрзо се вратија на свое место. Дуото на Мекларен мораше да влезе во бокс за рана промена на гумите, бидејќи и Норис и Пјастри стартуваа со гуми за дожд.
Па така Расел и Антонели останаа да се борат за првото место. Џорџ водеше до 23-от круг, кога Кими го помина, за да потоа Расел се откажа во 29-от круг.

И со тоа, борбата за победа беше практично решена. Кими Антонели освои 25 поени, исто толку повеќе од Расел, а сега има 43 поени повеќе во генералниот пласман.

Двајцата големи шампиони Макс Верстапен во Ред Бул и Луис Хамилтон во Ферари се бореа за второто место. Верстапен ја водеше таа битка до пет круга пред крајот. А потоа Хамилтон ја освои позицијата со одличен маневар и заврши на второто место, што е неговиот најдобар пласман откако влезе во црвениот болид на Скудерија.

Макс на крајот го зазеде последното место на подиумот. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, го освои четвртото место, заокружувајќи ги првите 10. Исак Хајар (Ред Бул), Франко Колапинто (Алпин), Лиам Лосон (Рејсинг Булс), Пјер Гасли (Алпин), Карлос Саинц (Вилијамс) и Оли Берман (Хас).
Следниот тркачки викенд е од 5 до 7 јуни во Монте Карло.

ПретходноНовак победнички на стартот на Ролан Гарос!